Пензиите, штедењето и вложувањето можат да звучат сложено, особено кога се користат термини кои не се дел од секојдневниот говор. Затоа го подготвивме овој речник – на едно место да ги собереме и објасниме најчесто користените изрази од пензискиот систем.
Тука секој поим е објаснет во контекст на македонскиот пензиски систем и ќе ви помогне полесно да разберете како функционираат столбовите, кои се улогите на институциите, како се пресметуваат придонесите и што значат поимите што ги среќавате во извештаите и документите.